Ads

Кралски поход кон титулата

Кралски поход кон титулата

Реал Мадрид забележа нова убедлива победа во шпанската Примера, совладувајќи го Расинг Сантандер со 4:0 и имаат 13 бода предност пред Барселона, која својот натпревар го игра во недела.

Кралски поход кон титулата

На избраниците на Жозе Мурињо им беа потребни само шест минути да дојдат до предност, благодарение на погодокот на Кристијано Роналдо.

Гостите во 39. минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Доминго Сизма, а бројната предност Реал веднаш ја искористи преку Карим Бензема и зголеми на 2:0.

Во второто полувреме опоравениот Анхел ди Марија влезе во игра и постигна прекрасен гол во 73. минута, а конечниот резултат го постави Бензема во 90. минута.

Ова беше осма победа по ред на кралскиот клуб во шпанското првенство.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Хетафе и Еспањол ги поделија бодовите (1:1). Гостите поведоа во 66. минута преку Алваро Васкез, а четири минути подоцна Мику беше прецизен од белата точка.

Хетафе - Еспањол 1:1
Мику 70'(п) - Васкез 66'

Реал Мадрид - Расинг 4:0
Роналдо 6', Бензема 45', 89', Ди Марија 73'

Севилја - Осасуна 2:0
Медел 16, Троховски 90


18. Февруари 2012 - 23:45
Ads

Изјава

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

15
највисока темп.
3
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk