Капело наскоро на клупата на Челси? |
Капело наскоро на клупата на Челси?
Поранешниот селектор на репрезентацијата на Англија нема долго да биде невработен. Спред тврдењата на англиските медиуми, тој ќе остане во оваа земја каде наскоро ќе седне на клупата на Челси.
| « врати се назад |

Како што тврди еден од најтиражните англиски медиуми, The Sun, сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ веќе воспоставил контакт со Фабио Капело заради незадоволството од работата на моменталнио менаџер Андре Вилаш Боаш кој наместо за титула оваа сезона се бори за четвртата позиција.
Абрамовиќ нема да штеди средства за да го примами Капело, а тоа го докажа и со 35-те милиони евра кои ги потроши на отшетите за отказот на Карло Анчелоти и доведувањето на Вилаш Боаш од Порто.
Ако Капело пристигне на Стемфорд Бриџ, тој ќе биде осмиот тренер на Челси во последните осум години.
























