Ads

Интер ќе се вади во Марсеј

Интер ќе се вади во Марсеј

Вечерва ќе се одиграат последните осминафинални натпревари од Лигата на шампиони на кои Баерн е голем фаворит против Базел, а Интер ќе бара спас на сезоната во Франција.

Интер ќе се вади во Марсеј

По крајно лошите резултати во домашното првенство, Интер ќе се обиде да ја спаси сезоната преку натпреварите од Лигата на шампиони. Интер нема победа на последните пет натпревари, па на тренерот Клаудио Раниери му се заканува отказ и тренерската фотелја ќе си ја задржи само со успех во најелитното европско натпреварување.

Екипата на Олимпик Марсеј исто така има мали проблеми во домашното првенство, но со предноста од домашниот терен тренерот Дидие Дешамп се надева дека ќе се избори за поволен резултат пред реваншот во Милано. Единствен хендикеп за Дешамп е неиграњето на најдобриот стрелец Лоик Рами, а во екипата на Интер ќе недостасува само Рики Алварез.

На вториот вечерашен натпревар, изненадувањето Базел ќе го пречека Баерн Минхен.

Швајцарците немаат пораз уште од ноември, а од Лигата на шампиони го елиминираа и Манчестер Јунајтед. Сепак Баерн Минхен е голем фаворит на овој дуел. Германците секогаш атакуваат на највисокиот пиедестал, а посебен мотив за нив оваа сезона е фактот што финалето на Лигата на шампиони оваа сезона се игра на нивниот стадион во Минхен.

Лига на шампиони, 1/8 финале:

Баер Леверкузен - Барселона 1:3
Олимпик Лион - АПОЕЛ 1:0
Милан - Арсенал 4:0
Зенит - Бенфика 3:2

вторник:
ЦСКА Москва - Реал Мадрид 1:1
Наполи - Челси 3:1

среда:
Марсеј - Интер
Базел - Баерн Минхен


22. Февруари 2012 - 13:12
Ads

Изјава

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

15
највисока темп.
3
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk