Џон Тери во аут два месеци |
Џон Тери во аут два месеци
Капитенот на Челси, Џон Тери ќе биде надвор од терените во следните два месеци заради повреда.
| « врати се назад |

Екипата на Челси нема да може да смета на услугите на својот капитен Џон Тери во следните два месеци откако повредата на коленото му се влоши.
Дефанзивецот на вчерашнио тренинг почувствувал болки во коленото кое го повреди на натпреварот од ФА купот против Портсмут. Во следните 24 часа ќе мора да му биде извршен хируршки зафат и периодот на рехабилитација најверојатно ќе трае околу два месеци.
Ова е уште еден удар за Тери кој неодамна ја загуби капитенската лента во репрезентацијата на Англија, а го очекува и судење за расистички навреди кон Ентон Фердинанд.
























