Дел Боске во пензија по крајот на ЕП |
Дел Боске во пензија по крајот на ЕП
Селекторот на актуелниот европски и светски првак Шпанија, Висенте дел Боске го најави своето пензионирање откако ќе го одработи договорот со шпанскиот фудбалски сојуз.
| « врати се назад |

Дел Боске изјави дека ќе се повлече од фудбалот по крајот на Европското првенство ова лето.
"Немам намера да превземам било кој клуб кога ќе ми истече договорот со шпанскиот сојуз. Никогаш не вели никогаш, но мислам дека е време за пензија. Не ме интересира ниту работата во мојот поранешен клуб Реал Мадрид", изјави 62-годишниот шпански стратег.
Тој на селекторското место дојде во 2008. година, а две години подоцна на Светското првенство во Јужна Африка со Шпанија ја освои титулата.
Пред Шпанија, Дел Боске го предводеше Реал Мадрид до две европски титули и два трофеи во домашното првенство, а беше и тренер на Бешикташ.
























