Бекам помеѓу кандидатите за селектор на Англија |
Бекам помеѓу кандидатите за селектор на Англија
Веднаш откако Фабио Капело поднесе оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Англија, британските обложувалници понудија коефициенти за можните наследници, а еден од нив е и Дејвид Бекам.
| « врати се назад |

Според британските обложувалници, главен фаворит за наследник на Фабио Капело е менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап за кого коефициентот е 1,25.
Зад него се привремениот селектор, Стјуарт Пирс со коефициент 6,5 а коефициентот за поранешниот селектор на Турција Гус Хидинк и Жозе Мурињо од Реал Мадрид е 11.
Помеѓу кандидатите се и Рој Хоџсон, Мартин Онил, Арсен Венгер, Рафа Бенитез и Роберто Манчини.
На листата на потенцијални селектори на Англија се најде дури и се уште активниот фудбалер Дејвид Бекам за кого обложувалниците понудија коефициент 51.
























