Ads

Баксузниот февруари за Ибрахимовиќ

Баксузниот февруари за Ибрахимовиќ

Оваа сезона Ибрахимовиќ е најдобриот поединец во редовите на Милан и во следниот период неговата екипа ќе биде ослабена заради суспензијата. Но и да играше, немаше да прикаже многу затоа што февруари му е дефинитивно баксузен месец.

Баксузниот февруари за Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ заработи црвен картон викендов заради удирањето на Ароника за време на натпреварот против Наполи. Тој заработи суспензија од три натпревари, а тоа значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Удинезе, Чезена и дербито со Јувентус.

Но и да не беше суспендиран, најверојатно немаше многу да се очекува од него овој месец. Италијанските медиуми изнесоа интересни статистики од кои може да се заклучи дека февруари е баксузен месец за Ибрахимовиќ.

Статистиките на Ибрахимовиќ во февруари:

2007 година - два настапи, еден гол. Половина месец не играше заради повреда

2008 година - три настапи, еден гол. За споредба, во јануари истата година постигна четири гола на три натпревари

2009 година - пет настапи, еден гол. Следниот месец даде пет гола на четири натпревари

2010 година - четири настапи, два гола

2011 година - седум настапи, еден гол. Претходниот месец постигна пет голови на шест натпревари

2012 година - два настапи, нула голови, црвен картон


6. Февруари 2012 - 17:37
Ads

Изјава

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

15
највисока темп.
3
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk