Баерн ја спасил Борусија Дортмунд од банкрот |
Баерн ја спасил Борусија Дортмунд од банкрот
Во моментот кога Борусија Дортмунд го презеде врвот на табелата во германската Бундеслига, претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес ја откри тајната дека пред девет години неговиот клуб ја спасил Борусија од банкрот.
| « врати се назад |

„Кога Борусија Дортмунд дојде до позиција кога веќе не може да функционира и да ги плаќа своите трошоци, им позајмивме два милиони евра без камата на неколку месеци“, изјави Хенес.
Борусија Дортмунд од 2002-та година падна во финансиска криза која беше решена дури во 2005-та година. Во текот на 2003-та година заради лошото работење на тогашниот претседател, клубот бил на работ на банкрот, но челниците на Баерн Минехн решиле да им помогнат. Тоа го потврди и денешниот претседател на Борусија Дортмунд.
„Да, можам да потврдам дека во тој период навистина позајмивме пари од Баерн“, изјави претседателот на Борусија, Ханс Јоаким Вацке.
Баерн Минхен пред неколку месеци и покрај противењето на навивачите, од банкрот го спаси градскиот ривал Минхен 1860, а финансиски му помогна и на Ст. Паули.
























