Бабел нов тренер на Хофенхајм |
Бабел нов тренер на Хофенхајм
Фудбалскиот клуб Хофенхајм соопшти дека за нов тренер го ангажирале Маркус Бабел.
| « врати се назад |

Бабел на клупата на Хофенхајм ќе го замени Холгер Станиславски, кој вчера доби отказ заради лошите резултати.
Хофенхајм моментно е осми на табелата во Бундеслигата, но во последните десет натпревари забележа само една победа.
Во средата тимот беше елиминиран од Купот, откако во четвртфиналето загуби од второлигашот Гројтер Фирт.
Бабел во декември беше отпуштен од Херта, заради несогласувања со челниците на берлинскиот клуб.
Поранешниот репрезентативец на Германија беше тренер и на екипата на Штутгарт во сезоната 2008/2009.
























