Арсенал елиминиран од ФА купот |
Арсенал елиминиран од ФА купот
Фудбалерите на Арсенал по дебаклот на Сан Сиро од Милан (4:0), доживеаја нов тежок удар на гостувањето против Сандерленд каде беа поразени со 2:0 и елиминирани од ФА купот.
| « врати се назад |

Во осминафиналниот дуел, Сандерленд се одмазди на тимот на Венгер за неодамнешниот пораз во Премиер лигата, кога Тјери Анри постигна погодок во судиското продолжение.
Ричардсон пред крај на првото полувреме го доведе Сандерленд во водство, а во 77. минута Чембрлен си постигна автогол.
Челси одигра само 1:1 на Стемфорд Бриџ против Бирмингем и ќе мора да игра нов натпревар, овој пат на гости.
Сандерленд - Арсенал 2:0
(Ричардсон 40, Чембрлен 77 авт)
Евертон - Блекпул 2:0
(Дренте 1, Стракулурси 6)
Милвал - Болтон 0:2
(Мијаиши 4, Н'Гог 59)
Норвич - Лестер 1:2
(Холахан 23 / Сент Леџер 5, Наџент 71)
Челси - Бирмингем 1:1
(Стариџ 62 / Марфи 21)
























