background image

По Манчестер, Ибра ќе игра за тимот на Бекам

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ по три сезони го напушти ПСЖ и ќе игра за Манчестер Јунајтед.



Златан откри дека ги одбил сите понуди заради Мурињо и „црвените ѓаволи“.

„Бекам ми испрати богата понуда да дојдам во МЛС лигата и кариерата да ја продолжам во дресот на Мајами. Сепак кога ме контактира Мурињо морав да го одбијам мојот пријател Бекам. Тој ми е многу добар другар, но ќе има време да заиграм и во Америка“, рече Ибрахимовиќ, кој очекува да освои неколку титули во наредната сезона со Јунајтед.
 

27-јул-2016 13:00