background image

Мега трансфер на Игуаин во Јуве

Челникот на ЈУвентус, Џузепе Марота потврди дека италијанскиот шампион ја поднел потребната документација за трансфер на фудбалерот на Наполи, Гонзало Игуаин, а на сајтот на клубот исто така е потврден трансферот на Аргентинецот.



Јувентус го плати обештетувањето од 90 милиони евра за 28-годишниот голгетер, кој минатата сезона постигна 36 гола за Наполи во Серија А што е нов рекорд во лигата. Тој во 94 настапи за Наполитанците постигна 71 гол.

„Поднесовме договор за Игуаин до лигата. Се е завршено“, изјави Марота.

Игуаин потпиша четиригодишен договор според кој ќе заработува по осум милиони евра по сезона.

27-јул-2016 10:00