background image

Роналдо на концертот на Џеј Ло

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и натаму ужива на својот продолжен и заслужен одмор.



Португалецот зад себе има напорна сезона со Реал Мадрид и репрезентацијата на Португалија, па доби шанса подолго да одмори пред да се приклучи на подготовките на кралскиот клуб.

Откако неколку дена престојуваше на Ибица, Роналдо одлучи одморот да го продолжи во Лас Вегас, каде беше на концертот на познатата американска пејачка Џенифер Лопез.

25-јул-2016 12:00