background image

Анти дрон Муслера

Практично почна во Белград на дуелот меѓу Србија и Албанија, а потоа почнаа да летаат дронови на фудбалските мечеви ширум светот.



Во 37. минута од натпреварот меѓу Еквадор и Уругвај во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2018 во Русија се појави дрон над теренот. Заврши неславно откако го приземји голманот на Уругвајците Фернандо Муслера.

Муслера сепак не беше толку спретен на самиот терен, иако имаше една одлична интервенција Еквадорците славеа со 2:1 и останаа на чело на табелата.

13-ное-2015 11:55