background image

Успешно завршена третата по ред ЕУРОЛИНК летна балетска школа





Скопје, 19 Јули - На ден 15. јули 2016 год. – петок, во големата балетска сала на Македонската опера и балет (МОБ) во Скопје, 45 балерини и балетани, со насмеани лица, под раководство на балетскиот првенец Горан Божинов го одржаа завршниот час на Летната Балетска школа во организација на ЕУРОЛИНК осигурување. Младите и надежни балерини и балетани настапија пред многубројната публика која ја сочинуваа родителите, роднините и нивните најблиски и на тој начин го заокружија неколку неделното дружење и изучување на класичен балет. Крајот од настапот беше обележан со свечено доделување на дипломи за учество кои им ги врачи г–нот Горан Божинов.

„Ја продолжуваме традицијата на Летната Балетска Школа а со тоа им помагаме на младите идни балерини и балетани во остварување на нивниот сон.  Повеќето од децата се веќе трета година со нас, и е задоволство да се гледа како растат, напредуваат и своите соништа ги оформуваат заедно со ЕУРОЛИНК осигурување.“ – изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на ЕУРОЛИНК осигурување.

Летната балетска школа на ЕУРОЛИНК осигурување е дел од платформата за корпоративна одговорност "Вашата врска со вистинските вредности". ЕУРОЛИНК осигурување и понатаму ќе продолжи да ги поддржува младите и перспективни луѓе, кои имаат желба пред се да се дружат и да го поминат летото на поинаков начин.
 


19-јул-2016 17:37