background image

Успешно реализирани бесплатните Вип спортски школи




Скопје, 15 јули 2016–Вип успешно го заврши проектот“Да спортуваме заедно”, со кој децатаод 6 до 16 години имаа можност да бидат дел одбесплатните Вип спортски школи по пливање и тенис со што корисно ги пополнија деновите од летниот распуст.

Бесплатните Вип спортски школи се одржуваа од 16 ти јуни до 16 јули , а можноста да бидат дел од нив ја добија 400 деца од целата земја и тоа 200 деца во школата за пливање и 200 деца во школата за тенис.

- Ова беше месец на дружење, спортување и учење за спортовите. Задоволството е уште поголемо што дечињата покажаа голем интерес и истрајност во минативе 30 дена и не се откажаа да научат нешто повеќе за пливањето и тенисот и ни ја потврдија нашата определба да продолжиме да инвестираме во спортот бидејќи веруваме дека спортот е неопходен елемент за здрав живот, изјави Никола Љушев - Извршен директор на оне.Вип.

Бесплатните Вип спортски школи се одржуваадва пати неделно во Вип базен и на Вип тениските терени во рамките на Спортскиот центар “Борис Трајковски”,а ги раководеареномирани спортски тренери од Пливачката школа БЕТА и тренери од Тениската школа Борис Трајковски.

Бесплатните спортски школи на Вип се проект со кој компанијата уште еднаш ја потврдува својата определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува. 


19-јул-2016 17:33