background image

Рош го одржа првиот балкански едукативен настан за грижа за здравјето



Медиумската академијата има за цел да ги едуцира медиумите и јавноста за здравствени теми



Рош, една од лидерите во светските фармацевтски компании, за прв пат во регионот ја одржа медиумската академијата, со цел да го подобри разбирањето за грижа за здравјето.

Едукативниот настан, одржан на 19 Јули, вторник, на скопскиот саем, фокусиран на канцерот на балканот, ги спои новинарите од Албанија, Косово и Македонија, како и професионалци во областа на здравството и пациенти претставници.

Целта на овој настан беше новинарите подобро да го разберат канцерот, оптоварувањето на општеството со него и кои третмани пациентите можат да ги добијат. Крајна цел е да се истакнат канцерот, и другите здравствени прашања, повеќе во медиумите за да на тој начин се едуцира јавноста.



“Добро здравје е една од најценетите работи во секое општество што луѓето може да ја имаат, и во Рош ние работиме секој ден да изнесеме иновативни лекови кои можат да им помогнат на луѓето да живеат подолго,  поисполнето и попродуктивно.”

“Ние исто така сакаме да ја подобриме свеста на луѓето за болестите вкучувајќи заштита, третмани и правата кои ги имаат како пациенти. Би сакале да видиме повеќе статии поврзани за здравството во медиумите, за да им обезбедиме на луѓето подобро разбирање на прашањата поврзани со здравството.”

“Се надеваме дека настани како нашата медиумска академија ќе помогнат да се поттикне тоа и ќе ја покаже нашата посветеност за да работиме заедно со сите партнери вклучувајќи ги професионалците за здравство, владите и групите пациенти за да се подобри здравјето во нашиот регион.” – изјави директорот на балканската групација Рош, Уфук Апајдин.

Дваесет навинари имаа можност да ги слушаат експертите на онкологија Др. Спахиу (Косово), Др. Ристески (Македонија) и Др. Лакичевиц (Црна Гора) на овој настан, пред да ја слушнат емоционалната приказна на Атина Саздова – жител на Скопје која има преживеано канцер на градите.

Се надеваме дека идни медиумски академија настани ќе се организираат во регионот во наредните месеци. 
 
 


За Рош
Рош е најголема светска биотехнолошка компанија, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологија, заразни болести и невронски мрежи.  Рош е исто така светски лидер во ин-витро дијагностиката, ткивната канцер дијагностика и пионер во справувањето со дијабетесот. Персонализираната здравствена стратегија на Рош има за цел обезбедување на лекови и дијагностика кои значително го подобруваат здравјето, квалитетот на животот, безбедноста и преживувањето на пациентите. Дваесет и осум лекови развиени од страна на Рош се вклучени во моделот листи на есенцијални лекови на СЗО, меѓу кои антибиотици за заштита на животот, антималарици и хемотерапии. За повеќе информации: www.roche.com

19-јул-2016 14:14