background image

Целно лекување на рак на мочниот меур, со третман од „Рош“





ФДА (Американската администрација за храна и лекови) одобри ново, целно лекување на рак на мочниот меур, со третман  од „Рош“

Нова надеж за болните од рак е одобрувањето на новиот таргет третман на „Рош“ Тецентрик (атезолизумаб) за најчестиот вид  рак на мочниот меур, наречен уротелијален карцином. Одобрувањето го издаде Американската администрација за храна и лекови.

Цел на Тецентрик е ПД-1/ПД-Л1 патеката (протеини што ги има во имунолошките клетки на телото и некои клетки на рак). Со блокирање на оваа интеракција, Тецентрик може да му помогне на имунолошкиот систем на телото да се бори против клетките на рак. Тецентрик е првиот ПД-Л1 инхибитор одобрен од ФДА и последен во пошироката класа на ПД-1/ПД-Л1 таргет биолошки производи одобрени од ФДА во последниве две години.

-„Имунотерапијата за рак е многу интересна област за истражување. Можноста да се активира имунолошкиот систем за да ги елиминира клетките на рак е тема за која дознаваме се повеќе. Се очекува имунотерапијата да стане четвртиот столб на лекувањето на ракот, веднаш по хирургијата, зрачењето и хемотерапијата. Во Република Македонија според достапните податоци се регистрирани 93 нови случаи на карцином на мочен меур во 2014 година и бројот на новозаболени е во постојан пораст последниве 5 години кај двата пола. Во однос на полот, предоминира бројот на пациенти мажи.“ – изјавија онколозите од Одделот за урогенитални тумори при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Тецентрик е одобрен за лекување  пациенти со локално напреднат или метастазиран уротелијален карцином чија болест се влошила за време на или по третман со хемотерапија што содржи платина, или во рок од 12 месеци по добивањето на третманот со хемотерапија што содржи платина, пред (неоадјувантно) или по (адјувантно) хируршко лекување. Уротелијалниот карцином е најчестиот вид  рак на мочниот меур и се јавува во уринарниот систем.

Директорот на „Рош“ за Балканот, Уфук  Апајдин, изјави: „Имунотерапијата за рак ја одразува ползата што иновацијата им ја нуди на пациентите, нивните семејства, соодветните  институции и општеството, а корисна е и за трошоците што се потребни за одржување витални иновации за и во иднина да се задоволат потребите на пациентите. Целта на имунотерапијата за рак е да обезбеди нови опции и долгорочни одговори на третманот за лицата заболени со рак. Податоците се навистина охрабрувачки: стапки на одговор што ветуваат, долготрајни одговори на третманот и поволен безбедносен профил. Можноста да се подобри исходот за пациентите со атезолизумаб е возбудлива и главна движечка сила на нашата работа.“

Што е ФДА?
ФДА, агенција во рамките на Американското министерство за здравство и социјални служби, коа  го штити јавното здравје така што се грижи за безбедноста и ефективноста на лековите за луѓе и животни, вакцините и другите биолошки производи за човечка употреба, како и за медицинските помагала. Агенцијата, исто така, е одговорна за безбедноста на храната, козметиката, додатоците во исхраната, производите со електронско зрачење и за регулирање на производите од тутун.
Што е атезолизумаб?
Атезолизумаб е моноклонално антитело откриено и развиено од „Рош“/„Генентек“ што го врзува ПД-Л1 протеинот и ја блокира интеракцијата на ПД-Л1 со ПД-1 и Б7.1. Ова им овозможува на цитотоксичните Т-клетки, одбранбениот механизам на телото, да ги убива туморските клетки. Атезолизумаб е специјално направен за да се спречи исцрпувањето на Т-клетките.

За „Рош“
„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со разновидни лекови за онкологија, имунологија, заразни болести, офталмологија и болести на централниот нервен систем. „Рош“ исто така е светски лидер во ин витро дијагностиката и ткивната дијагностика на рак, а и е предводник во справувањето со дијабетесот. Целта на персонализираната стратегија за здравствена заштита на „Рош“ е да се обезбедат лекови и дијагностика што овозможуваат видлив напредок во смисла на квалитетот на животот, безбедноста и преживувањето на пациентите. Дваесет и девет лекови развиени од „Рош“ се вклучени во есенцијалната  листа на неопходни лекови на Светската здравствена организација, меѓу кои се: антибиотици, антималарици и лекови за рак. Компанијата ,,Рош“ е присутна во Македонија од 1999 година и вработени се повеќе од 30 лица во областа на лекови и грижа за дијабетесот.

За повеќе информации: www.roche.mk

 


12-јул-2016 13:20