Firefox 4 |
Firefox 4
Ако им се исполни планот на Мозила од пред еден месец ова е првиот од 4-те нови изданија што Фајрфокс треба да ги има до крајот на годинава. Како за почеток воопшто не е лошо.
| « врати се назад |

БРЗИНА
Едно од главните подобрувања на браусерот е брзината, без разлика дали се во прашање јава скрипти, време за стратување или графика. Од Мозила тврдат дека четворката е меѓу 3 и 6 пати побрза од своите претходници, што и не е тешко да се верува (ако сте ги користеле тие пред нејзе). За ова би требало да помогне и BarTab опцијата, која во случај на обновување на сесијата прво го лоадира табот кој ви е активен.
МИНИМАЛИСТИЧКИ ИНТЕРФЕЈС
Новиот ФФ многу подобро го искористува просторот (копирајќи го дизајнот од Хром и Опера) откако ги пресели табовите на врвот од прозорецот. Освен ова и менито со опции е собрано во едно ќоше.
ТАБОВИ
CTRL + SHIFT + E ако ова не ви е доволно пребарајте некое видео на ЈуТјуб на тема - Firefox Panorama.
СИНХРОНИЗИРАЊЕ
Се што имате на еден Фајрфокс, сега може да го имате на сите. Букмаркс, лозинки, историја и отворени табови, сето ова сега од старт е достапно за синхронизирање меѓу различни Фајрфокс пребарувачи.
ВЕБ СТАНДАРДИ
Новиот браусер носи и подобрена поддршка за HTML5, CSS3, WOFF (Web Open Font Format) и WebGL.
























