Ads

save as...

тамбови
софтвер

Rapportive

Ако го корисите Xobni за Outlook, тогаш ова е слично ама за Gmail. Ако не го користите, Rapportive е додаток за Gmail, кој прави анализа и ги собира податоците за секој ваш контакт од најразлични социјални мрежи на кои тој членува (twitter, linkedin, facebook, skype).

софтвер

Comodo Programs Manager

Уште пред неколку години го откривме Revo Uninstaller и од старт пандавме на неговата способност да откорне кој било програм од Виндоус и трајно да го одинсталира. Не дека имаме нешто против Revo, ама во меѓувреме се појавија и некои нови.

FreeStudio

Малку е потешко во однос на другите, ама програмчево конвертира сè. Музика, слики, видео, видео за мобилни + играчки конзоли, симнува клипови од интернет и на крај сето тоа може да го сними на диск.

софтвер

GrooveWalrus

Најдоброто нешто што може да му се случи на еден веб сервис е да добие своја десктоп верзија. Ова е посебно добро кога е во прашање сервисот за онлајн слушање музика Grooveshark и кога можеш сите тие емпетројки и плејлисти да ги имаш на располагање без да ти тежат ниту еден мега. Освен тоа, програмчево има поддршка и за last.fm.

софтвер

Text Editor Anywhere

Ова е едно од оние програмчиња што никогаш не сте ни помислиле дека ви требаат, ама ќе ви заврши многу работа. А се што прави во основа е копира текст во ноутпад или нешто слично.

софтвер

Auslogics Benchtown

Auslogics Benchtown e системска алатка која темелно ќе го провери вашиот компјутер до каде е и дали навистина му требаат тие 2 гига рам што ги барате од пред 6 месеци.

софтвер - андроид

My Data Manager

Како би се избегнале ситуациите од типот: каде ми отиде интернетот или на што ми се потроши 3Г-то, еве една апликација што наместо вас ќе ви води сметка колку сте потрошили и на што сте го потрошиле месечниот лимит.

софтвер

Groovedown

Grooveshark е феноменален сервис за наоѓање и он-лајн слушање музика. Речиси и да нема песна, што ја нема на сајтот. Она на што генерално му забележуваат на сервисот е што песните, ама никако не можеш да ги симнеш како mp3. Е, ова помага за тој проблем.

Team Fortress 2, за народ

Една од најдобрите, најзборуваните, највисоко оценуваните, најзабавните видео игри на сите времиња, само што стана бесплатна. Ако имате машина што може да ја издржи, одма инсталирајте ја, па ќе одите на одмор во септември :)

софтвер

Фејсбук во Ексел

Таман како за почеток на денот, кој никој не сака да почне, понеделнички ви ја претставуваме Be Stupid at Work, апликација која ќе го претвори вашиот Фејсбук во Ексел.

софтвер

Петката

Без некакви драматични промени во изгледот, Мозила го објави 5-то издание на Фајрфокс. Најголемиот дел од новините се однесуваат функционирањето на пребарувачот и компатибилноста со новите веб стандарди и технологии. Пред да го надградите, имајте во предвид дека не сите екстензии ќе ви функционираат.

апликации на читатели

Cloud Drive Explorer

Пред некое време го преставивме Cloud Drive сервисот на Амазон и единствена мана што му најдовме е што нема десктоп апликација за него, за да може на раат да работите со фајловите што ви се во облакот. Епа еден наш читател се погрижи и за тој проблем.

софтвер

5 гига, гага

Новиот сервис на Амазон, Cloud Drive, на сите корисници од старт им дава по 5 гигабајти простор на интернет за чување на нивните фајлови (ако купат mp3 од Амазон, ова автоматски расте на 20 гига). Единствен недостаток е што Амазон не нуди десктоп апликација за синхронизирање на фајловите (како на пример Dropbox), ама за тоа тука е Gladinet, кој ќе ви ја заврши работата околу синхронизацијата.

Prezi

Он-лајн апликација за правење презентации, многууу поинтересни презентации од се што до сега сте направиле во PowerPoint. Наместо слајдови тука имате едно големо платно, на него редите се што сакате, од слики до текстови до видеа, и после со кликање, креирате патека по која ќе се движи (отвора) вашата презентација.

софтвер

2 Х видео

Двете апликации кои некако се надополнуваат а и двете не се баш од оние најидотските. Едната служи за конвертирање на филмови, а другата за монтажи и играње со клиповите колку ви е мерак.

софтвер

Firefox 4

Ако им се исполни планот на Мозила од пред еден месец ова е првиот од 4-те нови изданија што Фајрфокс треба да ги има до крајот на годинава. Како за почеток воопшто не е лошо.

софтвер

SendGenie

SendGenie

Ова е една од оние "не знаев дека ми треба, додека не пробав вакво нешто" програмче. Она што не знаевте дека ви треба е програмче кое ви дозволува без користење на меил, фтп сервери, хостинзи, торенти или рапидшер, директно да разменувате фајлови со некого.

софтвер

Комплетче за тазе лаптоп

Комплетче за тазе лаптоп

Купувате нов лаптоп, ако е веќе инсталиран многу е веројатно дека има еден куп непотреби програми, па сите ќе ви предложат да го преинсталирате. Ако не е инсталиран, сакале неќеле ќе мора да ставите некој оперативен систем. Под претпоставка дека ќе инсталирате Виндоус 7, еве список од 30 и кусур суштински програми кои треба да ги има вашиот лаптоп.

софтвер

FreeOCR

FreeOCR

Од сите софтвери за препознавање на текст од скенирани документи (кои не работат) овој би требало да биде исклучок. Две главни карактеристики / разлики - прво лесен е, второ навистина препознава текст.

софтвер

Divvy

Една од оние апликации заради кои ти е мака што немаш некаков Мекинтош. Како што многу поопширно ќе ви биде објаснето на видеото, Divvy служи за средување на отворените прозори на вашиот десктоп. Целата работа ја прави сосема коректно и бидејќи доаѓа од Мекинтош околина, поприлично лесен е за работење.

Изјава

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

14
највисока темп.
3
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk