Ads

Иднината на Македонија - Која е нашата граѓанска одговорност?

писма на читатели

Иднината на Македонија - Која е нашата граѓанска одговорност?

Се викам Игор Стефановски. Имам 30 години. Роден сум во Скопје од мајка англичанка и татко македонец. После распадот на Југославија, се преселивме во Англија. Пред четири години се вратив да живеам и работам во Скопје. Последниве тринаесет дена сум физички и духовно со протестантите кои се собираат секој ден зад спомен куќата на Мајка Тереза. Би сакал да кажам нешто во врска со тоа.

Која и да е судбината на протестот против полициската бруталност кај нас, тоа што се случува од 00:30ч на 6ти јуни е од критична важност за иднината на оваа држава. За прв пат во историјата на Република Македонија, се случи спонтан, масовен, секојдневен протест, организран преку социјалните мрежи на интернет, а кој произлезе од фрустрациите на младите во земјава. Револтот, кај поголемиот дел од тие што се појавија во наредните денови, (за жал) не изби поради тепањето до смрт на младиот Мартин Нешкоски, туку поради фактот што Фејсбук и Твитер кажуваа дека тоа што го соопштуваше МВР беа лаги и обид за прикривање на случајот. За разлика од вистинските демократски општества, убиството на овој невооружан млад човек од страна на припадник на специјалните едници, на сред главниот плоштад, пред илјадници луѓе, како да не беше доволен мотив за народот да го крене гласот. Дали е тоа од страв, или од незаинтересираност, не е важно. Важно е дека станува збор за проблем.

Илјадници луѓе, после 20 години лаги, корупција и безнадежност, се осмелија да излезат на улица, и истата да ја прогласат за своја, за граѓанска. Оформија јавна трибина, симболично зад спомен куќата на Мајка Тереза, за да го искажат својот гнев на мегафон, и со тоа да се прочистат, да им олесни. Немаше организатори, секој од нив беше лидер. Околу нив многумина гледаа зачудено, или ги критикуваа, или ги обојуваа, со што комплетно ја промашија поентата.

Побитно им беше да кажат дека станува збор за наркомани на кои им се плаќа
по 1000 денари дневница, отколку да чујат која е смислата на протестот. Поважно беше да се зборува за измислени лидери, отколку за фактот дека на протестите имаше и млади и стари, и Албанци и Македонци, и ВМРОвци и СДСМовци. Свесни луѓе на кои им е преку глава од поделбите креирани од страна на партиите и медиумите. (Вулгарноста со која одредени медиуми презентираат параноични приказни како факти е навредлива, незрела и крајно
неразбирлива. Веројатно им требало повеќе труд да прикажат измислици, отколку да ја покажат вистината. Овој протест е и делумно против нивниот недостаток на морал, и нивната вулгарност, кои придонесуваат на секојдневната бруталност на животот кај нас. Да имаат срам, од морални причини би си дале оставка.)

Мислам дека овде веќе не се работи само за протест против полициската бруталност во Македонија. Овде се работи за тоа колку македонската младина е заинтересирана за својата иднина. Овде се работи за тие 6500 луѓе кои ветија на Фејсбук дека ќе дојдат на протест на 8ми јуни, а дојдоа само 800. Овде се работи за сите тие кои мислат дека демократијата значи само гласање на секој четири години, и дека потоа не треба да се провери дали тој глас се
злоупотребува. Kако можеме да очекуваме подобра иднина, ако самите не покажеме постојан интерес за неа?

И една друга работа сакам да прашам. Зошто мислиме дека само партиите имаат право на масовни собири, и дека секакво друго спонтано и органско собирање е сигурно партиски поврзано??!!

Може ли да има луѓе кои се вон тие партии? Може ли да се дише непартиски воздух кај нас? Во голема мера, секоја партија во светот, без разлика на која страна од политичкиот спектрум се наоѓа, повеќе се бори за да дојде на власт отколку да го претставува народот.

Нивниот проблем е што мораат да ги добијат нашите гласови за да стигнат до таа цел, инаку воопшто не би нé прашале. Но, ТУКА лежи нашата моќ.
Секој од нас мора секојдневно да се бори за своите права. Aко мислите дека тепањето до смрт на едно момче не ве засегнува директно, тогаш не мора да се приклучите на овој протест, но борете се против вашите фрустрации. Има многу работи што фалат на ниво на демократско општество во нашава држава, но додека не се буниме, тие на власт (било која и било кога) нема многу да сторат.

Ние сме општеството. Нема да има промени додека не направиме нешто, додека не ги превземеме нашите граѓански обврски. Не можеме сé да очекуваме од политичарите. Мораме сами да си помогнеме и сами да делуваме! Тие се тука како граѓански сервис, за да ни служат нам, и ако не им кажеме јасно и гласно што сакаме и што ни треба, тоа никогаш нема да го добиеме.

Ако нé засегнуваат измените во здравството, да го кажеме тоа јавно! Ако ни требаат повеќе корпи за ѓубре, ајде да го бркаме тоа! Ако ни пречат маалските кучиња скитници, ајде да се нафатиме да го решиме проблемот! Ако мислиме дека Скопје се гуши во билборди и реклами, ајде да направиме движење за намалување на нивниот број! Ако таксистите се чувствуваат загрозени и ограбени од новите закони во такси превозот, нека се соберат за да го искажат своето незадоволство… Не е доволно само да кукаме по мракот, секој од нас треба да запали светло.

Политичарите мора да увидат дека гледаме што прават. Мора да знаат дека вршиме надзор, и дека ќе реагираме ако тие ги занемарат основните морални принципи на едно цивилно граѓанско општество.

Моментално, знаеме што прават (бидејќи тие често не се ни обидуваат да ја сокријат својата вулгарност), знаеме кога се брутални, но не ги караме како што треба. Молчиме и гледаме додека се распаѓаат цели делови од нашето општество. И тоа трае скоро 20 години! Е па, доста беше молк!

МОРАМЕ да ја преземеме нашата граѓанска одговорност, и нашиот надзор врз политиката. Како? Преку граѓански надзорни тела. И преку солидарност. Ако еден е загрозен, сите сме загрозени. Ако еден е претепан до смрт, можеме ние да бидеме следни на ред. Треба да им биде јасно дека кога ги поттрнуваат проблемите под килим, не значи дека ги решиле. А нам, на граѓаните, треба да ни биде јасно дека ако нé игнорираат, тоа не значи дека не постоиме. И дека
мораме да бидеме тука сé додека не изградиме вистинска цивилна држава.

Секој од нас има нешто од последниве 20 години што сеуште го револтира. Ајде да го споделиме тој гнев и таа фрустрација на Јавната трибина зад спомен куќата на Мајка Тереза, секој ден од 18ч. Ајде да сфатиме дека не сме сами. Ајде да видиме дека и други го делат нашето мислење, случајни минувачи, нашите сограѓани.

Ајде да ја користиме демократијата! Како граѓани сите имаме еднаков удел во одлуките кои влијаат врз нашите животи. Демократија не е само гласање секои четири години! Вистинско демократско општество значи секојдневна активност во насока на општото добро. Мораме да развиваме толерантност. Мораме да се учиме на обsирност. Ова е клучно за потребната департизација на Македонија!

Време е за граѓанска Македонија!

Во една од најсивите држави во Европа (во смисла на економија, јавна администрација, етнички поделби…), политичарите нé убедуваат дека сé е црно-бело и дека мораме да бидеме или едно или друго. Ако не си со нас, тогаш си со нив. Значи во целото нивно сивило на лаги, дезинформација, манипулација, партизација и игнорирање на народот, ние мораме да избираме само една страна. Епа веќе не! Вистината е секогаш некаде во средина, и мораме внимателно да ја бираме како разумни луѓе и одговорни граѓани.

Од една страна, изгледа дека добар дел од медиумската битка е изгубена во овој случај. На многумина ништо не им се случи, бидејќи веќе си го формираа своето мислење, базирано не на лично искуство, туку на тоа што секогаш ги гледаат истите канали и ги читаат истите весници. Од друга страна, на тие кои присуствуваа и сеуште протестираат, дури и на оние кои полека го губат својот
елан, сепак нешто битно им се случи. За време на протестите, преовладуваа чувствата на вистинска слобода (кај некои за прв пат), за разбудена граѓанска свест и заедничка моќ. Кошмарот на секоја власт, на сите ‘моќници’ во сите држави, е буден народ.

Ова е само почеток, будење, но нé чека тежок работен ден. Нé чека вистинска граѓанска одговорност и работа! Видовме дека постои цивилна македонска свест и совест. Свест дека можеме да делуваме, да ја менуваме нашата околина и нашето секојдневие. Свест дека заедно сме посилни. И свест дека станува збор за историски момент во кој ни е неопходен морален граѓански препород на Македонија и сите кои живееме во неа.

Игор Стефановски


20. Јуни 2011 - 14:01
Ads

Изјава

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

14
највисока темп.
3
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk