background image

Онлајн приватноста е за екстремисти

Употреба или пребарување на алатки за заштита на приватноста на интернет водат кон едно - етикета „екстремист“. Барем така велат од NSA.

По откривањето на информации од страна на Сноуден, алатките за зачувување на онлајн приватноста станаа попопуларни од било кога. Според NSA, дури и самата намера за користење на вакви алатки го прави корисникот екстремист. Желбата на корисниците да се заштитат е сосема разбирлива, особено поради намерата да се укине анонимното користење на софтвер.

Исплашени дека приватноста ќе им биде разоткриена, луѓето користат најразлични софтвери, меѓу кои и оние што манипулираат со IP адресите и еден корисник го покажуваат на различни локации во текот на денот. 

„Милиони луѓе користат вакви манипулации со цел да останат безбедни на интернет, но не се свесни дека се изложуваат на уште поголем ризик,“ вели германскиот информатичар Себастијан Хан за Das Erste.

Луѓето, иако свесни дека работата на NSA е да ја зачува безбедноста, се вознемируваат од помислата дека тие имаат пристап до нивните податоци во компјутерите.



04-јул-2014 10:36