background image

Игрите во Рио затворени

Олимписките игри во Рио де Жанеиро завршија со сличен спектакл, каков што видовме на отворањето од истите, прославувајќи го спортскиот успех на шампионите и претендентите.



И покрај сите предупредувања и стравувања, игрите поминаа во најдобар ред и само со минорни организациски пропусти. Вирусот Зика, високата стапка на криминал и стравувањето од тероризам останаа во доменот на фикцијата, иако до пред самиот почеток на Олимпијадата медиумите беа преполни со застрашувачки коментари.



Македонија во Рио според очекувањата. Делегацијата беше малубројна, резултатите неприметни, додека на затворањето македонското знаме го носеше волонтер, бидејќи ниту еден спортист од нашата селекција не го дочека крајот на игрите.



За четири години домаќин на најголемиот спортски настан ќе биде Токио, Јапонија.



22-авг-2016 11:00