background image

Егзодус во норвешката црква

За само четири дена државната црква на Норвешка загуби 15 илјади членови, а според прогнозите овој тренд би можел да продолжи и во наредниот период со несмалено темпо.



Причината за овој егзодус е можноста верниците во оваа земја своето членство во лутеранската црква, да можат да го откажат преку интернет.

„Претпоставувавме дека ќе се случи такво нешто, но сепак и натаму сметаме дека онлајн регистрацијата или дерегистрацијата е исправна, бидејќи не сакаме некој без своја волја да биде наш член“, изјави Хелга Хаугланд Бифуглиен, бискупот на норвешката црква.

Свештеничкиот синод се надева дека во иднина ќе биде во можност да привлече поголем број на верници, испракајќи христијански пораки до населението.

Во последните неколку години е забележан голем раст на атеизмот во земјите од Северна Европа, а покрај Норвешка загрозени се и религиските институции на Исланд.



22-авг-2016 8:30