background image

ДЈ не се станува, ДЈ се раѓа

Он.нет со интервју на двајца диџеи, DJ D.J. (Јове) и DJ Gotzeh (Гоце), ги дознава нивните најомилени и најомразени траки, омилени музички ери и настани на кои што би ја забавувале публиката.

 

 

Он.нет: Како доби идеја да станеш ДЈ?
DJ D.J.: Види да станеш диџеј не добиваш идеја или се раѓаш диџеј или не! Јас сум роден ДЈ со оглед на моето име и презиме, како велат останатото е историја.
 
Шала на страна навистина мислам дека или се раѓаш со тоа или не. Некои луѓе им значи се' музиката и сакаат да слушаат музика, кога се среќни и тажни и весели и кога им е здодевно други едноставно не. 
 
Доколку си од првите тогаш секако барем еднаш во животот си пробал да пушташ музика и да бидеш диџеј! 

Он.нет: Што те инспирираше да станеш ДЈ?
DJ Gotzeh: Да гледаш луѓе како се забавуваат на музиката што ја пушташ е дефинитивно најдоброто чувство на светот. Насмевки и радост на подиум, шизењето до фајронт и good times се дефинитивно најголемата инспирација што ме тера да пуштам музика. 

Он.нет: Ако можеш засекогаш да бидеш заглавен во една музичка ера, која би била таа?
DJ D.J.: Деведесетите!!!
Бев млад откачен и се' што се слушаше ме откачуваше многу повеќе 🙂
 
Може е и од онаа некоја чудна катарзична атмосфера која ја имаа со крајот на светот враќањето на Месајата и откажувањето на компјутерите и враќањето во камено доба. И кога не се деси тоа луѓево некако ко да рекоа: Oh well fuck it  све е лага и некако побезобразно се однесуваат кон се', па вклучително и музиката.
 
 
Стварно не знам, ама и Скопје и светот некако како да беше повозбудливо место за живеење тогаш.



Он.нет: Кој свој ДЈ-ски настап би го издвоил како најдобар?
DJ Gotzeh: Дефинитивно Основи на драм енд бејс журките што ги правиме со мојот учител Game Over (Трајче Петрушевски) и секако сите Омајгад настани каде што сме пуштале музика со Game Over и Васко Нетковски. Тоа се тие драма проводи :)

Он.нет: Која ти е најомразена песна, што ти е необјасниво како станала хит?
DJ D.J.: Генерално мразам, ама буквално презирам луѓе што викаат дека слушаат електронска музика и откачуваат на некои бендови типа Авичи Свидиш Хаус Мафија и прават у у у диско и по фестивали и стварно ми е жал кога треба да им објасниш дека другар не слушаш ти електронска музика него си шабан...
 
Од хитови онаа првана што направи правец на "романски хаус", па се накотија еден куп такви после со некои басови лоши рокачки и вокал некој женски шабански! 
 
Инаку за врв на дебилизам ако збориме ваљда би била Еifel 65 - Вlue, ваљда таа беше врвот или падот сеедно!!!

Он.нет: Која е твојата најомразена песна што не ти е јасно како станала хит?
DJ Gotzeh: O.T. Genasis - CoCo. Канцер на уши добивам секој пат кога ќе ја слушнам. И секако да не ги заборавиме сите нови хитови на Kanye West и остали рапери кои кенкаат на микрофон само. Стварно не можам да сфатам како се тие хитови и како луѓето упорно продолжуваат да ги слушаат.

Он.нет: Во кој правец замислуваш дека ќе се движи твојата ДЈ-ска кариера во следната година?
DJ D.J.: Сакам настап во МНТ во галеријата!!! И на пар фестивали по Европа! После ќе размислам, ама наредна година сакам тоа да ми се деси.

Он.нет: Дали би се нафатил да пушташ музика на настани од типот на свадби или роендени?
DJ Gotzeh: Ау, секако. На свадба уште не сум пуштал, али на пар родендени сум бил така in the mood за да се направи журка како што треба. 

Он.нет: Има нешто што ти пречи во ДЈ-ската сцена? Ако да, што е тоа?
DJ D.J.: Јас само љубов и поддршка добивам од сите. Веројатно е затоа што не утепаа со други глупости по телевизииве и радијата и нема место каде и како да се пласира таа музика, приказна и начин на живот и сето тоа, иако е тажно сепак дава една прекрасна заедница која се држи меѓу себе и оди напред раме до раме со светската сцена...
 
Би сакал да се вмрежи таа заедница повеќе со она што се случува кај комшииве и да има се' повеќе настапи на наши диџеи по Белград, Софија, Солун, Тирана, Приштина и да се шири таа позитивност и добра енергија.



Он.нет: Имаш свој омилен жанр или се прилагодуваш на она што е популарно во моментот?
DJ Gotzeh: Драм енд бејсот ми е дефинитивно број еден жанр, особено ликвидниот днб. У глобала сакам да пуштам тоа што највише ми лежи како музика, али понекогаш нели самата публика те влече да отидеш во некои други правци, али све си има своја мера. 

Он.нет: Дали имаш однапред припремен сет или дозволуваш да те понесе моментот?
DJ D.J.: Никогаш не подготвувам сет! 
 
Иако баш и не можам да се пофалам дека имам некое неверојатно големо искуство па да тврдам дека секад е вака секад е така!
 
Генерално пробувам да пуштам музика што ја слушам тој период и што проаѓа кај убави девојки!
Види да бидеме реални, ако ти играат убавите девојки на сет сите ќе бидат среќни!!!
 
Такашто да глеам да ме понесе моментот, па кај не однесе не однесе!!! Заедно сме у ова :)

Он.нет: Која е твојата омилена песна што никогаш не би престанал да ја слушаш?
DJ Gotzeh: Два портали ќе требаат за да ги собере омилените. Али ако треба да се бира, тоа дефинитивно нема да биде драм енд бејс и ќе биде Paul Kalkbrenner - Sky and Sand. Никогаш нема да престанам да ја слушам, некако ми е врежана во срце. Таа ми е од оние песните што кога си среќен те прави најсреќен и кога си тажен те дотепува :)

Он.нет: ДЈ-ството за тебе е хоби или потенцијална професионална определба?
DJ D.J.: Имам една омилена изрека од Ричард Бренсон, сопственикот и создавач на брендот Virgin:
 
A business has to be involving, it has to be fun, and it has to exercise your creative instincts. 
 
Ако не ти е забавно тоа што го правиш тогаш зашто да го правиш, а ако успееш да најдеш начин од тоа да живееш тогаш ти си среќен човек. Мене сега за сега ми е стварно многу забавно пуштањето музика и се надевам дека ќе најдам начин тоа да го правам дури ми е убаво и интересно!

Он.нет: Кое е твоето хоби надвор од ДЈ-ската сцена?
DJ Gotzeh: Хоби и работа ми е графичкиот дизајн :) со тоа се бавам професионално 9 години, а освен графички дизајн и диџејство тука има простор за пиење пиво и гејминг.
 
 


25-јул-2016 10:30