background image

Повеќе секс - побрзо, повисоко, посилно

Дали сексот те прави подобар спортист?


Пред почетокот на Олимпијадата, компанијата за секси играчки Adam & Eve одлучи да истражи дали и како сексот влијае врз резултатите на атлетичарите.

Се покажало дека почест секс е поврзан со подобри резултати при трчање, скокови и поголема сила.

Слични резултати се откриени и при Brooks Running survey. Скоро 50% од тркачите под 40 години изјавиле дека имаат подобри резултати ако пред трката имале секс.

Но, експертите утврдиле и дека субјективните перцепции на атлетичарите влијаат на нивните перформанси повеќе од сексуалните активности сами по себе.

„Ако спортистите веруваат дека секс ќе ги подобри нивните перформанси, тогаш поголеми се и шансите дека тоа навистина ќе биде така“, изјавил д-р. Мајк Јанг.

Спротивно на тоа, ако спортист смета дека секс му ги намалува шансите за добри резултати, тогаш веројатно и е во право и треба да избегнува секс пред спортски настани.


25-јул-2016 9:45