background image

Најголемата мапа на вселената

Изработена е најголемата мапа на вселената со повеќе од 1,2 милиони галаксии.


Стотина научници кои работат на програмата Baryon Oscillation Spectroscopic Survey (BOSS) ја направиле досега најголемата 3Д мапа на вселената, која прикажува 1,2 милиони галаксии.

Секоја точка прикажува една галаксија, на позицијата каде била пред 6 милијарди години, а покрива подрачје со ширина од 6 милијарди светлосни години, висина од 4,5 милијарди светлосни години и длабочина од 500 милиони светлосни години.



Мапата ја опишуваат како прозорец кон минатото на вселената. Програмата BOSS користи телескоп сместен во Ново Мексико во САД.

Научниците мапата не ја намениле за ентузијасти кои сакаат да ѕирнат во слабо истражени и оддалечени делови од вселената, туку се обидуваат да разберат некои од засега необјаснетите својства на вселената, како што се темната материја и темната енергија.


19-јул-2016 10:21