background image

Пет намирници кои предизвикуваат несоница

Колку овие намирници ви се вкусни и примамливи, треба да ги избегнувате доколку сакате нормален сон.



Недостатокот на сон може да доведе до дебелеење, висок крвен притисок, па дури и проблеми со срце.

Нутриционистите составија листа од пет намирници кои би требало да ги избегнувате пред спиење.

1.Бургер со сланина
Не е изненадување дека ваков бургер може лошо да влијае на спиењето. Создава киселина во стомакот што може да доведе до нелагодност.
Храната полна со маснотии ја елиминира бариерата меѓу желудникот хранопроводот што значи таа киселина може да се најде на места каде што не би требало.

2. Алкохол
Пиење неколку пијалоци пред спиење е лоша вест за сите оние кои сакаат да спијат. Алкохолот брзо се разградува во организмот што е причина за будење неколку пати во текот на ноќта по само неколку часа. Алкохолот го засилува и ноќното крчење.

3.Црно чоколадо
Иако е поздраво од обичното чоколадо во себе содржи кофеин што не влијае убаво на спиењето. Содржи алкалоид теобромин кој предизвикува забрзано чукање на срцето.

4.Зачинета храна
Една студија спроведена во Австралија покажа дека зачините создаваат проблеми со спиењето.

5.Месо (протеини)
Ова се однесува дури и на пилешкото. Било какви протеини создава напор на дигестивниот систем, кој заради спиењето треба да работи побавно. Наместо да се фокусира на спиење, во овој случај телото се мачи со варење.



19-јул-2016 23:00