background image

И со полнењето на телефоните сме грешеле

Да, можеби батеријата на денешните смартфони издржува едвај еден ден, но сепак постојат ситни трикови со кои што може да се продолжи нејзиниот век.

 

 

Поновите генерации на литиумски батерии всушност не треба да се чека да се испразнат до крај за да се стават на полнач, ниту пак треба да се чека индикаторот да покаже 100%. Исто така, особено е важно да не се остава телефонот на полнач откако батеријата ќе достигне 100% наполнетост. Непотребното стоење на полнач прави стрес на батеријата сличен како кај луѓето кои претерале со вежбање, но сепак продолжуваат да се мачат со уште повеќе вежбање. 

Литиумските батерии нема потреба да се полнат до 100%, а исто така може да се приклучат на полнач во било кое време, наместо да се чека да се намали батеријата до пред исклучување. И особено важно е да се држи телефонот подалеку од топлина (грејни тела или прозорци низ кои влегува светлина во топли денови). Доколку се забележи дека телефонот загрева додека се полни, треба да се извади од полнач и да се остави да се излади. Доколку истото продолжува, најверојатно треба да се купи нов полнач или да се смени батеријата. 
 


18-јул-2016 13:00