background image

„Борн го сакам повеќе од Бонд“

Додека Том Хидлстон е воодушевен што фановите го гледаат како новиот Џејмс Бонд, Мет Дејмон смета дека тајниот агент мизогинист кој Џејсон Борн може да го претепа.


„Борн го сакам повеќе од Бонд. Борн ги застапува денешните вредности, додека Бонд е заробен некаде во 60-те. Даниел Крег малку го приближи Бонд на модерното време, но тој лик и понатаму во суштина е мизогинист кој сака да пие мартини и да убива луѓе без да води гриж за нешто. Од друга страна, Џејсон Борн е сериски моногамист кој го прогонуваат работите што ги правел во минатото. Тој има емпатија, а и секако, Борн би победил во борба меѓу овие два лика“, изјавил Мет Дејмон.

Актерот во моментов го промовира новиот филм од серијалот за Џејсон Борн. Филмот премиерно ќе биде прикажан во Британија на 27-ми јули.



18-јул-2016 12:15