background image

Се крчка „Star Wars VR“

Освен тоа, Темната страна е повторно моќна во краткометражниот проект на Лукасфилм и Дејвид С. Гојер.

 

 

Дарт Вејдер се враќа како бесен Мрачен господар на Галаксијата во новиот VR проект што го снимаат Лукасфилм ILMxLAB и холивудскиот филммејкер Дејвид С. Гојер. Во тизерот, прикажан за време на Star Wars Celebration Europe 2016, императорот Палпатин зборува за неприродни моќи, досега непознати ни за Темната страна. 

Не постои точен датум кога филмот ќе биде реализиран, но се знае дека ќе биде полуинтерактивен и дека гледачот ќе може да учествува во борби со лајтсејбер или да лета со Милениум Фалкон. Филмот најпрво ќе биде достапен за HTC Vive, a досега можеше да се гледа демо верзијата, на најразлични пресови и конвенции поврзани со „Star Wars“. 
 


18-јул-2016 10:45