background image

Покемон Го повеќе од Фејсбук

Играта Покемон Го се шири низ светот со неверојатна брзина - од лансирањето апликацијата е инсталирана повеќе од 15 милиони пати.



Податоците за популарноста на играта доаѓаат од аналитичката компанија Sensor Tower. Судејќи според бројот на инсталациите, Покемон Го е на врвот на листата на продавниците за апликации.

Колку време корисниците поминуваат играјќи ја Покемон Го, во однос на петте најпопуларни апликации:

- Просечен Ајфон корисник троши 22 минути дневно на Фејсбук

- 18 минути на Снепчет

- 17 минути на Твитер

- Просечен Ајфон корисник пак на апликацијата Покемон Го троши повеќе од 33 минути дневно.

Останува да се види дали играта ќе успее да го задржи вниманието на корисниците на подолг рок.



18-јул-2016 10:00