background image

Црно чоколадо за подобар секс

Маите го сметале за храна на боговите, а денес ја подаруваме за да покажеме љубов, а некои велат дека таа е одличен афродизијак.



Добра е за здравјето и помага во слабеењето. Темното чоколадо содржи повеќе антиоксиданси, отколку млечното, затоа што има повеќе какао. исто така има помалку калории, заситува и богата е со влакна, што е добро за лицата кои сакаат да слабеат.

Зошто треба да се јаде темно чоколадо?

Темното чоколадо и какаото се богати со антиоксиданси, природен спој кој може да го најдеме во овошјето, зеленчукот, житариците и  оревите.

Антиоксидансите го штитат нашиот организам од предвремено стареење и многу болести, вклучувајќи и ракот. Чоколадото содржи серотонин, кој делува против депресија и ендорфин кој дава чуство на задоволство.

Чоколадото одамна е познато како афродизијак. Темното чоколадо е богато со фенилетиламин-хемикалија заради која се верува дека создава чуство на заљубеност. Истражувањето покажало дека жените кои секојдневно конзумираат чоколадо имаат подобар сексуален живот од оние кои тоа не го прават. Без разлика на слаткиот вкус, темното чоколадо има низок глихемички индекс.
Тоа значи дека темното чоколадо не го подигнува нивото на шеќер во крвта, што е добра вест за дијабетичарите.

Флавониди, кои ги содржи чоколадото, го лечат дијабетисот, затоа што ја подобруваат чуствителноста на ќелиите на инсулин и гликоза. Темното чоколадо го штити здравјето на срцето и кардиовскуларниот систем.
Клиничките истражувања потврдуваат дека неколку коцки чоколадо дневно го намалува крвниот притисок, го подобрува протокот на крв и го спречува создавањето на згрутчување во крвта.

Чоколадото содржи цел низ на витамини и минерали. Богато е со бакром, магнезиум, калциум, калиум и железо.



18-јул-2016 8:45