background image

Компании со најмногу милијардери

Низ светов има околу 2.000 милијардери. Некои компании имаат поголема концентрација на милијардери од други. Каде има најмногу?
Во Фејсбук работат пет милијардери, додека вкупниот број на вработени изнесува 12.700. Ист број милијардери има и во козметичката компанија Есте Лодер, во која се вработени 44.000 лица. Толку има и во H&M, каде работат 93.351 луѓе.

Волмарт брои 7 милијардери меѓу вработените, чиј вкупен број изнесува 2.200.000.

Во германската компанија Доктор Еткер работат 28.000 луѓе, а бројот на милијардери изнесува 8.

Швајцарски Рош пак има 88..509 вработени, а 9 милијардери.

По 10 милијардери работат во американските компании Каргил (150.000 вработени) и во Хајат (45.000 вработени).


16-јул-2016 18:30