background image

Многу комичари сакаат да бидат сфатени сериозно

Комичарот Вил Ферел, дел од генерацијата на водечки комичари што се појави во доцните 90-ти, го слави 49-от роденден. Што сериозно кажа комичарот?


Изјави на Ферел:

- Обожавам да глумам мачо тип кој изгледа како идиот.

- Претпоставувам дека многу комичари во крајна линија сакаат да бидат сфатени сериозно.

- Сум бил смешен само околу 74% од времето. Да, така мислам.

- Непријатно однесување ме тера на смеење.

- Често, дури и кога бев дете, станував пред сите други. Брат ми спиеше и мајка ми спиеше, па јас буквално сам играв Монопол. Сам се занимавав.

- Зарем не се стремиме сите да бидеме преплатени за она што го работиме?

- Се сеќавам како дете сакав да имам вистинска работа кога ќе пораснам. А, за мене тоа значење да носам костум, шапка и актовка и да одам на работа.

- Мразам кога некој го вози мојот автомобил и ми ги меша сите станици на радиото. Не разбирам. јас никогаш не би го направил тоа во туѓ автомобил.

- Обожавам долги прошетки на плажа.




16-јул-2016 13:30