background image

Позитив на векот

Жена на која и дијагностицирале четврт стадиум на рак на дебело црево, хемотерапиите ги претвора во забава.


Се работи за Карен Волш, актерка од Бродвеј. Иако се наоѓа во тешка животна ситуација, таа најголем дел од нејзините терапии ги претвора во тематска забава и тоа го документира на Инстаграм. Во тоа и помагаат пријателите.

Карен има 40 години и е мајка на две деца. Открила дека има рак откако отишла на лекар заради грчеви во стомакот. Туморот е неоперативен и ќе мора да прима повеќе серии на хемотерапија.

Фотографиите што ги објавува ги смета за механизам за справување со состојбата и начин да ги инволвира роднините и пријателите во нејзината терапија.

„Мора да поминам низ ова заради моите деца. Немам друг избор ако сакам да бидам тука да ги видам да дипломираат, да се венчаат или што и да прават“, изјавила Карен.

Вака Карен ги поминува хемотерапиите:
















 


17-јул-2016 10:30