background image

Правите ли Нетфликс криминал?

Со колкумина делите лозинка на Нетфликс и дали е тоа нелегално?
Неретко група од неколку луѓе користат ист акаунт на Нетфликс, со тоа што ги делат трошоците за претплата. Дури и ЦЕО-то на Нетфликс смета дека споделувањето лозинки е позитивна работа, но според The A.V. Club, тоа е исто што и криминал. Во САД постои незатворен случај на компјутерска измама, што вклучувала и споделување лозинки. 

Луѓето споделуваат лозинки со оние на кои им веруваат или пак ги користат за логирање од повеќе уреди, иако има работодавци и сервиси што строго го забрануваат тоа. Некои сервиси дозволуваат логирање од само еден уред, при што за логирање од друг, треба да се исклучат од претходниот. Нетфликс, пак, дозволува акаунтот да биде вклучен и од повеќе уреди истовремено, што не секогаш припаѓаат на претплатникот. 

Можеби засега нема ништо дискутабилно во сето тоа, но многу здруженија и агенции за заштита на сајбер податоци ја доведуваат во прашање моралната страна на делењето на еден онлајн акаунт меѓу повеќе луѓе.  
 


16-јул-2016 11:30