background image

Зошто си сингл?

„Тоа е мој избор“... или „Страдам од тешка социјална анксиозност“.


Од Ask Reddit овој пат муабет на темата „Зошто си сингл?“

Одговори на корисници:

- Не сакам да се вратам на рандевуата се додека не станам финансиски независен. Не можам да си дозволам состаноци и срам ми е заради тоа.

- Мислам дека никој не би сакал да излезе со мене и затоа не сум се ни обидувал.

- Не познавам ниту една сингл девојка.

- Се плашам од интимност (на емоционално ниво). Премногу сум фокусиран на себе си, многу сум независен и понекогаш мислам дека е одлично што имам толку љубов за себе. Сметам дека фактот што 100% сум ОК со тоа што сум сам негативно ќе ми влијае во иднина.

- Страдам од тешка социјална анксиозност. Секогаш кога ќе се обидам да разговарам со некого, се вцрвенувам. Совет? Не изгледам лошо, ама сум малку чуден.

- Се уште ја сакам бившата.

- Апатија.

- Жена ми не ми дозволува да си најдам девојка.

- Мрзлив сум.

- Се обидувам да се средам (работа, дом) пред да се вратам на излегувања. И, уживам во сопственото друштво.

- Заради слободата да експериментирам и истражувам и постојано да се заљубувам во себе си.

- Не знам како да разговарам со жени.

- Вака сум среќен.


 


16-јул-2016 10:30