background image

И би робот-предатор

Научно сценарио што може да ги загрижи луѓето кои ги гледале Терминатор и Матрикс.
Научниците научија робот како да биде ловец и да го фаќа својот плен.



Од Институтот за невроинформатика во Цирих научиле робот како да се однесува како ловец, во случајов робот кој го контролира човек со користење на посебен софтвер, што помага роботот да ја лоцира својата мета и да ја фати.

Во основа се работи за софтвер со чија помош роботот би ја проучил околината во која се наоѓа и би пронашол некој вид на плен.

Швајцарските научници велат дека кога го создавале роботот мислеле на багаж или колички за шопинг што би ги следеле луѓето во иднина.

Нема сомнеж дека роботите еден ден ќе бидат важен дел од светов, се бележи на Engadget.


07-јул-2016 10:15