background image

ОИ, Рио, најсофистицирани камери, здраво!

Олимписките игри во Рио ќе се снимаат со „најпаметни“ спортски камери на сите времиња.
Некои од омилените фотографии на фановите од Олимпијадата ова лето ќе бидат уловени со помош на роботи, бележи Mashable.

Getty Images, официјалната агенција на Меѓународниот олимписки комитет ќе користи нова технологија произведена од  Mark Roberts Motion Control, за да се подобро ефикасноста на фотографите на различни настани.

На ОИ, кои почнуваат на 5-ти август, професионалците ќе користат радиотрансмитери поврзани со соодветен трансмитер на главната рачна камера, па кога ќе се притисне копче на една, ќе се активираат и сите останати камери што се поврзани. Но, штом фотографот постави агол и композиција на оддалечените камери, тој нема можност да прави промени на фокусот и експозицијата. Меѓутоа тука настапува компанијата MRMC која произведува роботски кранови за камери.



Агенцијата Getty планира да користи нова технологија на 20 олимписки терени ова лето. Новите кранови ќе овозможуваат да се снимаат настаните со многу поголема контрола над секундарните камери, ќе може да се менува позицијата на камерите, аголот и слично. Со сите камери ќе се управува со помош на MRMC софтвер на таблет или компјутер.



Getty претходно почна да воведува роботска технологија, а сличен кран е користен за Оскарите.


07-јун-2016 10:00