background image

Моќта на детските игри

Две најобични игри за школска возраст помагаат да се разберат многу нешта, од сексизам до моќта на рекламите.

 

 

Првата игра е математички прашања, со собирање и одземање до 10, по кои веднаш се поставува „Кажи еден зеленчук?“ 9 од 10 лица одговараат морков, додека оние кои што размислуваат подолго избираат друг зеленчук. Во когнитивното проучување на свесноста, морковот е прототип асоцијација на зеленчук токму поради фактот што на многу луѓе тоа им е првиот очигледен одговор. Слично е и со категоризацијата на пингвините во птици - луѓето тоа го знаат, но прв избор им се врапците или гулабите, ако треба да именуваат птица. 

Слично е и ако се побара од некого да повтори некој збор 20-30 пати. На пример, ако некој 20 пати каже „млеко“, на прашањето „Што пие кравата?“, веројатно ќе одговори со млеко, иако свесно знае дека кравата пие вода. Со повторувањето на зборот го создава прототипот на асоцијација, во конкретниот случај млекото како основен пијалок. 

Овие две школски игри укажуваат на тоа дека човечкиот мозок може да биде лесно изманипулиран доколку се врши притисок или пак систематско и постепено менување на размислувањата. Затоа и често се применува во рекламите, каде што името на продуктот се повторува повеќе пати, до степен што на обичниот човек брендот му станува прототип на асоцијација на продуктот. 
 


08-мај-2016 13:30