background image

Компјутер напиша роман

Се чини дека вештачката интелигенција освен за физичките работници, може да биде закана и за уметниците.


Јапонски научници направиле компјутерска програма којашто, заедно со нивна помош, напишала роман. Романот дури и влегол во првиот круг на натпревар за книжевна награда.

Романот симболично е наречен „Денот кога компјутер напиша роман“.

Научниците ја креирале општата рамка на приказната и полот на ликовите, додека вештачката интелигенција (ВИ) составила краток роман со избор на реченици создадени од тимот научници.

„Досега ВИ програмите често се користеа за решавање на проблеми кои имаат одговори. Во иднина, јас би сакал да се прошири потенцијалот на ВИ така што ќе наликува на човечката креативност", изјавил Хитоши Мацубара, еден од креаторите на роботот романописец.


26-апр-2016 16:00