background image

Норвежаните не ги интересира религија

Норвешка стана најмалку религиозна земја во светот, а воедно и првата каде живеат повеќе атеисти од верници.


Според последното истражување спроведено врз 4000 случајно одбрани испитаници, 39% одговориле дека не веруваат во Бог, 37% изјавиле дека веруваат, а дури 23% не знаат дали се верници.

Атеизмот има позитивен тренд во последните 30 години, бидејќи по првото испитување на јавното мнение организирано во 1985 година, стапката на религиозност во оваа земја е значително намалена. Тогаш повеќе од 50% од испитаиците одговориле дека веруваат во Господ.

Религиозните биле во мнозинство до пред две години, кога е направено последното испитување пред две години, тогаш проценот на религиозните бил поголем од оној на нерелигиозните.

Во Осло живеат најмалку верници(29%), додека во ретко населениот регион Вест-Агер на Северозападот од земјата, овој процент е најголем(44%).


22-мар-2016 18:00