background image

Во обликот на штиклата, амин!

Женските обожавателки на штиклата наскоро ќе добијат своја црква.



Станува збор за црква во облик на гигантска сина штикла во вредност од 686.000 долари, која има височина од 16,7 метри и должина од 10,9 метри.

Конструирана е од 320 обоени стаклени панели и се наоѓа во југозападниот тајвански град Будаи.

Според преданијата црквата е изградена  во чест на 24 годишната девојка која некогаш живеела во тој регион, а се разболела по што морале да и бидат ампутирани двете нозе. Нејзината венчавка била откажана, а останатиот дел од животот го минала во црква.

Црквата во облик на штикла главно ќе се користи за венчавки и свадбено фотографирање, но и како туристичка атракција. Ќе биде отворена пред почетокот на кинеската Нова година на 8 февруари.


22-јан-2016 15:10