background image

На интервју во Airbnb

Airbnb е трета највредна компанија за технологија во светот. За некој да се вработи таму, ќе треба да одговори на неколку прашања, што може да бидат и по малку смешни.

 

 

Airbnb постои од 2008-ма, а денес е најголем веб-сервис преку кој што може да се пребарува и изнајмува простор за привремен престој. Од мала компанија, денес тие се трета по ред од највредните компании од областа на технологијата. 

Кандидати кои што биле на интервју за работа во Airbnb ги откриваат најсмешните и најчудните прашања што им биле поставени. 

„Ако треба да имаш TED говор, на која тема ќе биде?“ - оддел за грижа на корисници 

„Што ќе кажеш на погребот на Airbnb?“ - оддел за маркетинг

„За која позиција го правиме ова интервју?“ - прашање поставено на кандидат инженер 

„Какво е влијанието на интернетот? Позитивно или негативно?“ - позиција акаунт менаџер 

„Што ќе направиш ако гостинот е исфрлен од сместувањето, а треба да му го вратиме багажот?“ - менаџер за доверба и безбедност 



„Кучето на сопственикот на сместувањето извршило нужда врз багажот на гостинот. Што ќе направиш?“ - специјалист за грижа на корисници 

„Која песна ќе си ја пееш кога ќе влегуваш во соба што ја нудиме?“ - оддел за маркетинг

„Корисник се јавува и се жали на порнографски материјали во сместувањето, кои што ги немало во нашата реклама. Како ќе му помогнете?“ - специјалист за грижа на корисници 

„Што ќе напишеш на надгробниот споменик на моменталниот хотелски бизнис?“ - ИТ кандидат 

„Опиши што се случува кога ќе внесеш УРЛ во пребарувачот?“ - кандидат за софтверски инженер 

„Колкава среќа имаш и зошто мислиш така?“ - кандидат за менаџер на медиумски содржини 

„Како ќе ѝ го претставиш Airbnb на твојата баба?“ - оддел за грижа на корисници
 
 


25-дек-2015 9:13