background image

Од Стоун, филм за Сноуден

На Оливер Стоун, кој режираше филмови за Буш и ЏФК и документарци за Кастрo и Чавез, сега око му фати Сноуден, кој за него е херој, па ќе прави високобуџетен филм од неговата приказна.


Стоун со Чавез на филмскиот фестивал во Венеција во 2009-та

Филмската сторија за екс советникот од NSA ќе биде заснована на книгата The Snowden Files, The Inside Story of the World's Most Wanted Man на новинарот од Гардијан, Лук Хардин, за улогата на Едвард Сноуден во обелоденување на навиките безбедносната агенција.



„Ова е една од најголемите стории во ова време. Вистински предизвик. Мило ми е што од Гардијaн ќе работат со нас,“ изјавил 67-годишниот режисер.

Филмот ќе го продуцира редовниот партнер на Стоун, Мориц Борман.



03-јун-2014 12:10