background image

Најсреќни, најбогати, најбезбедни

Институтот Легатум ја издаде годишната листа со држави со највисок индекс на просперитет. Резултатите се очекувано највисоки кај Скандинавија.

 

Организацијата Легатум зема предвид повеќе аспекти на живеењето и на основа на тоа ја формира листата на држави со највисок просперитет, што подразбира среќни и слободни граѓани, развој на економија, ниска стапка на невработеност, добро образование, здравствена грижа, безбедност, претприемништво и можности и социолошки напредни и достапни. 

*издвоени се податоци само за најпросперитетни држави во Европа



Чешка - за разлика од минатата година, Чешка е на три позиции повисоко и тоа со економијата била на 13-то место, но индексот се намалил поради лошите резултати во општествениот аспект. 

Словенија - образованието е со највисоки стандарди, но економскиот индекс е нешто помал од минатогодишниот. 

Шпанија - најпопуларна туристичка дестинација за Британците, а индексот на образование и лична слобода е нешто помал. 

Малта - образовниот систем не може да се пофали со квалитет, но од другите аспекти оваа држава задржува висок индекс на просперитет. 

Франција - здравството добива високи оценки, што не е случај со општествениот ангажман, па затоа Франција не е ни во топ 20 просперитетни држави. 

Белгија - највисок индекс има во поглед на здравството. 



Австрија - оваа држава добива највисоки оценки во поглед на здравството и претприемништвото. 

Британија - поради падот на индексите на образование и безбедност и Британија не се најде во 20-те најпросперитетни држави. 

Германија - според вкупниот индекс на просперитет, Германија е 5-та најдобра економија во светот. 

Луксембург - жителите уживаат во лична слобода, одлично здравство, силна управна власт и добра економија. 

Исланд - оваа држава може да се пофали со лична слобода, безбедност, претприемништво и можности. 

Ирска - значаен напредок од аспект на безбедноста. 

Финска - силна и ефикасна власт, но економија што мирува и нема значаен напредок во споредба со минатата година. 



Холандија - високи оценки во областа на образованието, здравството и личната слобода. 

Шведска - највисоки нивоа на претприемништво и можности, што директно влијае и на економијата. 

Данска - добра власт, образование на највисоко ниво и социолошки аспекти, но поради слабиот индекс на здравство, Данска го изгуби највисокиот индекс на просперитет. 

Швајцарија - втора во европа и во светот со висок индекс на управување и економија.

Норвешка - повторно скандинавска држава со највисок индекс на просперитет, единствена држава од светот која што во секој аспект била во првите топ 10 најпросперитетни држави. 
 

 



04-ное-2015 9:08