background image

Кога одбивањето е благослов

Видео интервју, снимено на Светскиот економски форум во Давос годинава, во кое основачот на Алибаба, Џек Ма, ги опишува своите неуспеси и триумфи што го донеле таму каде што е денес. 44 минути, ама вреди.




Тој исто така објаснува зошто пивото било важно (кога прв пат користел интернет во САД го гуглал тој збор и не нашол никакви резултати поврзани со Кина) и како одбивањето може да биде благослов (само од Харвард го одбиле 10 пати, а сега е милијардер). Компанијата ја нарекол Алибаба, зашто приказната е позната насекаде во светот.

Меѓу другото Џек Ма ќе спомене дека на Алибаба дневно има 100 милиони „купувачи“. Тоа може да му дојде нешто како најголем шопинг центар на земјата...

Малце од муабетот:
Џек Ма: Аплицирав на Харвард, 10 пати ме одбија.
Чарли Роуз: Па, сега им е жал.
Џек Ма: Тогаш си реков себе си дека еден ден може да одам да предавам таму.





19-сеп-2015 8:09