„Јас, љубам, Бог“ во МОБ (мала сцена) |
„Јас, љубам, Бог“ во МОБ (мала сцена)
| « врати се назад |
Почеток: 25. Февруари 2012 - 21:30
Претставата е монодрама, авторски проект на Милиана Ленак, во кој таа настапува како актер и е потписник на режијата. Сценариото на претставата се базира на збирките „Хенри и Џун“ и „Инцест“ од едицијата нецензурирани дневници на Анаис Нин, насловена „Дневник на Љубовта“.
Во претставата е опфатен периодот од животот на Анаис Нин во кој иако и самата во брак, таа има врска со писателот Хенри Милер, како и со неговата сопруга Џун, а подоцна и инцестуозна врска со сопствениот татко. Нин ги преиспитува сите постоечки норми и нејзинот живот е свесно воден експеримент за поместувањето на границите и истражувањето на последиците од слободата.
Во креирањето на уникатната музика голем удел имаат Ана Христова, Сенко Велинов, Огнен Анастасовски, Кристина Леловац, Александар Стојанов –Зорин и Моира Ленак, чии вокали се користени.
Оригналните костими, кои се одликуваат со минималистичност и прецизност се дело на Маја Димовска.
Пописник на кореографијата на претставата е Искра Шукарова.


