greatest clicks |
тамбови |
ВМРО ХИП - ХОПМНЕ
Оф, оф, кое дно е ова, мора да го чуете! Извесен рапер (Месен комитет?) под уметничко име Панде Кајзеро, срочил еден не-ми-се верува политичко-партиски хит полн со брилијантни небулози:
- Чиста петка за целото раководство...
- Промените носат нови текови....
- Дечките наши се чиста демократија....
- Преку ден, анкети од врати до врати...
- Дур на Пелистер снег, ВМРО за душата е лек...
Автостоперска срамота
"И така драги Трендо, си ја читам книгава и си плачам. До кога бе, вака? Зошто на се да се пристапува фушерски, колку да се каже? Толку ли сме ние генетски заебани, па засеруваме се што ќе ни падне под рака?" Ова, драги мои, се прашува еден наш љубопитен, умен и пред се нормален читател кому во рака му паднало неодамна излезеното македонско издание на култната книга на Даглас Адамс.
Добредојдовте Французи!
Читам, Охридска банка ќе ја купуваат оние Французите, Сосиете Женерал. Е па, ако сега, со ова, не и дигнеме цена, никад! Следува - задолжително! - одгледување на еден рекламен спот за банката. Ма, тоа не е реклама, тоа е психоделија, банкарски еп, лудило!!! Главни улоги, Ѓоко Танески и Кате Нели ти реков.
Показна вежба: СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РМ
Економија, фискална политика, монетарни сидра.... За многумина од вас, ова се уби боже досадни и не до крај разбирливи теми. Од тие причини, решив со помош на еден видео клип да ви ги доближам овие термини. 'Влез на странски инвестиции во Република Македонија '. Кликнете и ќе видите како тоа всушност изгледа!!!
Пепелашка
Си била еднаш една убава млада девојка, многу мила и добра, но многу несреќна. По смртта на нејзината мајка, татко и' се преженил со друга жена, вдовица со три деца, која воопшто не ја сакала кутрата девојка. Целата љубов на маќеата, сите нејзини добри мисли, љубезни зборови и нежни допири биле насочени само кон нејзините три деца. И не само добрите мисли и љубовта, туку и убавите фустани и чевли, вкусните јадења и удобните кревети и воопшто целата топлина на домот, се' било резервирано само за децата на маќеата.
Грчка патарина
На сите што планираат допрва да одат на одмор во Грција, најтопло им препорачувам да не за замараат со тоа дали ќе понесат крем за сончање, купаќи, нешто топло за облекување, плинско за кафе... За нив, најважно е да не заборават ПАРИ ЗА ПАТАРИНА! Пријателски ги советувам да кликнат на 'повеќе' за да сфатат зошто. Оние што нема да го послушаат овој совет, ги молам, откако ќе се вратат, да ми раскажат како си поминале :)
























